„Безбеден град“ овозможува електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки

Министерството за внатрешни работи ги потсетува сопствениците и возачите на возила со странски регистарски ознаки дека преку системот „Безбеден град“ се регистрираат сообраќајни прекршоци сторени со овие возила.
Во денешното соопштение на МВР се истакнува дека за полесно и побрзо информирање и регулирање на евентуално евидентираните прекршоци, во функција е веб-апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“.
- Преку апликацијата, сопствениците и возачите можат да се регистрираат, да проверат дали со нивното возило е евидентиран сообраќаен прекршок, да добијат увид во издадените прекршочни платни налози и да извршат електронско плаќање. Користењето на апликацијата не е задолжително. Таа претставува олеснителна можност преку која прекршоците можат да се проверат и регулираат однапред, со што се олеснува и забрзува постапката при излез од државата. За оние кои не ја користат апликацијата, информација за евентуално евидентиран сообраќаен прекршок може да се добие и при излез од државата, на граничниот премин „Табановце“. На овој граничен премин, плаќањето може да се изврши со платежна картичка, додека плаќање во готовина не е предвидено - се додава во соопштението на МВР.
Министерството за внатрешни работи нагласува дека презема активности за проширување на можноста за информирање и подмирување на обврските поврзани со евидентираните сообраќајни прекршоци и на други гранични премини.
МИА
Ново на Сител
-

Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
-

Десетта жртва со западно-нилска треска во земјата
-

Фемицидот не е изолирано убиство, институциите мора навреме да го препознаат
-

Институциите го пробиваат рокот за одговор за слободен пристап до информации
-

Преглед на вестите од светот
-

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
