Македонија
23. April 2026 - 8:28

Без струја делови од Карпош и Гази Баба

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, од 4.30 до 15.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош. 

По известување добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека 8.30 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 9 до 12 часот и корисниците од улиците „Нерешка“, „Теодосиј Синаитски“ и „Жданец“ во општина Карпош.

 

МИА