Македонија
15. May 2023 - 12:25

Бесплатна социјална помош во Струга

Голем интересот за бесплатна помош и нега во домашни услови во струшко.Месечно во просек 25 лица добиваат помош и подршка од здружението Порака Нова.

На овој начин не само што се зголемува квалитетот на социјалните услуги, туку и во голема мера го олеснува животот на граѓаните непосредно во нивната средина, во местото на живеење.

Деветнаесет лиценцирани негувателите се грижат за пазарење, одржување на хигиена и давање терапија на лицата со посебни потреби.

Од здружението Порака Нова се надеваат дека  и понатаму ќе се зголемува интересот за пружање на социјални услуги .Во градот на мостовите од минатата година има и персонални асистенти, кои им помагаат на стари и изнемоштени лица.