Македонија
26. May 2026 - 13:34

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар - соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ не се менува.

За 0,330 денари поскапува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе чини 51,144 денар.

 

МИА