Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
Апелацискиот судија Ѓоко Ристов кај кој беа пронајдени 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители, седнува на обвинителна клупа.. Првото судско рочиште ќе се одржи во четврток, а предметот ќе го води судијката Билјана Коцевска.. Според обвинението, Ристов се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите..
Според граѓанските организации кои ги следат состојбите во правосудството, откривањето корупциски случаи во кои се вмешани судии, делумно ја враќаат довербата во правосудниот систем..
„Сметам дека е потребно да се расветлат и сите влијанија во судството. Значи, покрај судиите, потребно е и сите останати инволвирани лица да знаеме од каде се тие влијанија, дали се од колегите судии, од политички партии, од извршната, законодавната власт. Значи, беа да ги расчистиме сите случаеви, да видиме кои се тие судии кои што немаат интегритет и неможат да се справат со овие влијанија, мислам дека граѓаните нема да бидат доволно убедени и нема да можеме да зборуваме за враќање на довербата“, изјави Јелена Кадриќ, Извршна директорка на Институт за човекови права.
Случајот со апелацискиот судија беше откриен откако адвокатот Фехми Стафа беше фатен со поткуп од 20 илајди.. Му ги дала сестрата на Љупчо Пецов – ѓаволот, за тој да не добие притвор како обвинет во предметот „Адитив“.. Минатиот месец, Стафа призна вина и во спогодба со обвинителството, беше осуден на затвор од 15 месеци..
Неодамна обвинителството информираше дека гостиварски судија е осомничен дека зел мито од 8 илјади евра за да влијае кај судии во граѓански спор.. Тој веднаш беше суспендиран од работното место, а додека трае истрагата, за него судот одреди мерки на препазливост..
Заради земање мито, на три години затвор беше осуден и врховниот судија Наќе Ѓорѓиев.. Во случајот беше вмешан и Иџет Мемети тогашен член на советот на јавни обвинители.. Тој доби условна затворска казна и забрана за вршење на професија..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
