Белата куќа одобри нови санкции против Русија

Четири републикански и демократски членови на американскиот Сенат соопштија на социјалните мрежи дека добиле одобрение од Белата куќа Конгресот да ги разгледа новите санкции против рускиот енергетски сектор.
„Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за унапредување на нашето ажурирано законодавство во врска со санкциите против Русија“, наведоа републиканските сенатори Линдзи Грејам и Роџер Викер како и демократите Ричард Блументал и Џин Шахин во заедничкото соопштение.
„Како што Русија го интензивира масакрот врз цивилите, императив е законодавната и извршната власт да работат заедно на создавање алатки кои ќе ги принудат оние што купуваат руска нафта и гас, придвижувајќи ја воената машинерија на (рускиот претседател Владимир) Путин, да платат висока цена“, додадоа сенаторите, истакнувајќи дека се „многу задоволни од овој значаен напредок“.
Со оваа отстапка на извршната власт, новите санкции, чии детали не се откриени, би можеле да бидат усвоени во наредните недели.
МИА
Ново на Сител
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
