Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари

На 15.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди.
По преземени мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува.
Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот. За настанот известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
