Барселона заинтересирана за Тонали

По шпекулациите дека Барселона сака да го ангажира Бруно Гимараеш, каталонските медиуми сега тврдат дека клубот е заинтересиран за уште еден играч од средниот ред на Њукасл - Сандро Тонали.
Интересот за Италијанецот всушност датира од многу одамна. Уште во 2020 година, претседателот на Бреша, Масимо Челино, тврдеше дека одбил понуда од 65 милиони евра плус двајца играчи од Барселона за Тонали. Италијанецот потоа се пресели во Милан, пред Њукасл да го ангажира за 70 милиони од европската валута.
Играчот од средниот ред ја отслужи казната за обложување и оваа сезона игра одлично со „страчките“.
Доколку Њукасл некогаш се согласи да се раздели од него поради која било причина, англискиот клуб ќе побара прилично висока сума за трансфер, која Барселона тешко ќе може да си ја дозволи во сегашната ситуација. Дополнително, приоритет во лето останува привлекувањето на ново лево крило. Сепак, од „Камп Ноу“ ќе продолжат да ја следат ситуацијата со Тонали на долг рок, тврди „Мундо Депортиво“.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
