Свет
17. April 2026 - 16:49

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на платформата Икс објави дека е отворена Ормуската Теснина за комерцијален сообраќај.

Тој наведе дека одлуката за отворање на Ормуска Теснина е донесена во согласност со договорот за десетдневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Ормуска Теснина ќе биде отворена сè додека важи примирјето.

-Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормуска Теснина е прогласен за целосно отворен додека трае примирјето, по координирана рута како што веќе е објавено од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран – објави Арагчи на Икс.

Израел и Либан вчера со посредство на САД договорија десетдневен прекин на огнот, што стапи во сила на полноќ по локално време.

 

МИА