Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска оцени дека намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги искористи замрзнатите ирански средства за покривање на штетите на бродови погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив претставува „опасен преседан“.
„Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања…претставува опасен преседан“, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Икс“.
Претходно синоќа Трамп изјави дека Иран ќе биде „финансиски одговорен за каква било штета на бродови или товар“ во контекст на спорот околу Ормутската Теснина.
„Од овој момент, секоја штета нанесена на бродови, товар или на што било поврзано со нив ќе биде покриена со ирански средства што САД ги поседуваат и ги контролираат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушал“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
