Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност

Возачот на Мерцедес, Андреа Антонели, одговори на комплиментите и советите од ривалот од Ред Бул, Макс Верстапен, по Големата награда на Шпанија.
- Секогаш со задоволство прифаќам совети од Макс. Секогаш се потребни, особено во одредени ситуации. Макс е голем шампион и убаво е да се види толку голема почит од него кон мене. Во Монца, тој дојде да ми честита по трката, како и Ландо Норис. Токму ваквите гестови јасно ставаат до знаење дека Макс е шампион не само на патеката, туку и надвор од неа. И покрај сите негови достигнувања и статус, тој е извонредна личност. Не секој ја забележува оваа негова страна, иако многумина почнаа да ја разбираат во последниве години. Кога навистина ќе го запознаете, ќе сфатите дека е одличен не само како возач, туку и како личност, нагласи Антонели.
Со 292 бода Антонели е лидер во поредокот за возачи во Светскиот шампионат во Формула 1. Италијанецот е многу блиску до освојување на првата шампионска титула.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
