Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми

Здравјето и финансиите се прашањата што предизвикуваат најголема загриженост кај луѓето, покажа денеска објавеното истражување што осигурително друштво „Алијанц“ од Минхен го спроведе во десет земји.
Агенцијата за истражување на јавното мислење „Ипсос“, од април до јуни за потребите на концернот „Алијанц“, анкетирала 10.000 луѓе во десет земји за тоа кои грижи не им дозволуваат да спијат ноќе.
Анкетата ги опфати Австралија, Индонезија и Бразил, а во Европа: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Швајцарија, Турција и Велика Британија.
За речиси половина од испитаниците во Франција (49 проценти), Велика Британија (51 процент), Италија (52 проценти) и Шпанија (53 проценти), здравјето – било сопственото или на некоја блиска личност – е темата што предизвикува најголема загриженост.
Тоа бил одговорот и на големото мнозинство анкетирани во Бразил (58 проценти).
Во Турција и Швајцарија, мнозинството анкетирани, односно 49 и 48 проценти, изјавиле дека најмногу се грижат поради финансиската неизвесност. Финансиите се најголема причина за загриженост и за мнозинството Австралијци (52 проценти) и во Индонезија (64 проценти).
Во сите земји, на прашањето кои се конкретно нивните најголеми финансиски грижи, анкетираните одговориле дека тоа се порастот на трошоците за живот, недоволните приходи и непланираните расходи.
Единствено Германија малку отстапува од оваа слика, бидејќи во анкетата точно половина од нејзините граѓани навеле дека се вознемирени поради исклучително брзите политички и општествени промени.
Германците конкретно рекле дека најмногу се грижат поради трансформацијата на општеството. Поточно, ги мачат социјалната неправда, сè посилната поларизација на општеството, стравот од војна или стабилноста на демократијата во светот. На второ и трето место во Германија следуваат здравјето (44 проценти) и парите (43 проценти).
Кога станува збор за општествените промени, посебно е загрижена генерацијата на таканаречените „бејби-бумери“, односно луѓето родени меѓу 1945 и 1965 година, меѓу кои дури 57 проценти се вознемирени. Сепак, кај овие учесници во анкетата постари од 60 години, прашањето за здравјето е на прво место.
Во сите земји, меѓу првите пет проблеми што предизвикуваат вознемиреност, се наведуваат уште и иднината, станбените проблеми, работата и кариерата, животната средина и образованието. Во Италија и Турција загриженоста за иднината е на второ место, по здравјето, односно финансиите.
Во сите десет земји, стравот за иднината се огледа во стравот од глобални кризи и нивните последици, а тој страв во повеќето земји целосно ја потиснува загриженоста за животната средина и климатските промени.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
