Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот.
Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите.
-Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена вознемиреност кај граѓаните е пожарот на територија на Општина Струга. Конкретно, имавме два пожари на отворен простор - едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола. Очекувам набргу и тој да биде изгаснат. Во текот на денешниот ден немаше побарувања за ангажан на ер тракторите, изјави Ангелов.
Во однос на состојбата со водата во Гостивар, Ангелов рече дека нема промени, односно водата сеуште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии.
-Водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекуваме да биде прогласена за исправна. Хиперхлорирањето продолжува понатаму, рече Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
