Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала

Бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина покажува први знаци на нормализација, покажаа денешните анализи на специјализираните организации за бродски сообраќај што ги пренесува ДПА, иако, се додава, неизвесност се уште има околу мините за кои се наведува дека иранските сили ги поставиле во овој клучен воден пат.
Давателот на услуги во бродскиот сообраќај -Kpler, вчера изброи 70 транзити низ морезуот, изјави портпаролот на провајдерот, пренесе германската агенција.
Пред избувнувањето на војната во Иран, низ морезуот дневно поминуваа и повеќе од 100 бродови.
Во посебна анализа, давателот на податоци Windward напиша дека комерцијалниот сообраќај во Ормуската Теснина „се приближува кон функционална комерцијална нормалност“. Оттаму пријавија повеќе бродови што излегуваат отколку што влегуваат во теснината, а Кина е главна земја-одредиште за бродовите што извезуваат нафта.
Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC) на Иран утринава објави дека транзитите низ водниот пат се безбедни само за рутите означени како такви од нивна страна, пренесе ДПА .
Kpler неодамна означи три рути, при што визуализациите на компанијата покажуваат премини по иранскиот брег на север, оманскиот брег на југ и централна рута помеѓу нив.
Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран кон крајот на февруари, Исламската Република во голема мера ја блокираше Ормуската Теснина за бродски сообраќај преку закани и напади.
САД одговорија со сопствена поморска блокада на иранските пристаништа. Двете страни ги укинаа своите блокади по рамковниот договор потпишан од Вашингтон и Техеран.
Меѓутоа, неизвесноста останува околу морските мини за кои се тврди дека иранските сили ги поставиле во водниот пат. Извештај на американските медиуми од мај, повикувајќи се на анонимни разузнавачки извори, зборуваше за поставување на најмалку 10 мини, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
-

Одбележан Денот на јавната администрација, признанија за АХВ, трансфорамција и акредитација
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
