Македонија
30. January 2024 - 16:34

Албанската опозиција останува во бојкот на Собранието, Митрески со нова консултација за комплетирање на ДИК

Албанската опозиција на Гаши, Меџити и Касами останува во бојкот на Собранието поради тоа што власта не го става на дневен ред изборот на член на  ДИК. Шестмината пратеници од Европскиот сојуз за промени не го променија ставот ни по средбата со новиот собраниски спикер Митрески.

„Претседателот Митрески им укажа на пратениците дека е подготвен да направи дополнителни консултации со сите парламентарни партии, со цел да се обиде да најде решение прифатливо за сите“, велат од кабинетот на Митрески по средбата.

Од Европскиот сојуз за промени најавуваат и кривична пријава за претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Ѓорѓиевска бидејки го кочи изборот. Пратеничката на СДСМ пак, не сака да ја коментира најавата за кривично гонење, но вели дека изборот на член на ДИК ќе биде ставен на дневен ред тогаш ќе се обезбедат 80 пратенички гласа за некој од кандидатите.

Од друга страна од Алијанса на Албанците на Таравари сметаат дека ЕСП нема право на член во ДИК.

Заглави работата и во Комисијата за европски прашања каде на дневен ред требаше да дојдат законите поврзани со јавната администрација. Опозцијата бара јавна расправа за овие зкаони согласно барањата на Синдикотот. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат и новата Влада да се изјасни кои владини закони што веќе се собрниаска процедура остануваат, а кои ќе бидат повлечени.