АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен

Агенцијата за храна и ветеринарство утрово потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје во паркот покрај општината. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, во изјава за медиумите.
-Зошто е ова значајно? Многу видови птици се засегнати од вирусот. Гавранот е една од птиците која е засегната и може да биде мртва од вирусот. И е важно затоа што гавранот е генерално стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето на мртов гавран може да укаже на локална циркулација на вирусот на западнонилска треска. Ние веднаш го известивме Центарот за јавно здравје - Битола и градоначалникот на општина Ресен да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да пристапат кон прскање по индикации - рече министерот.
Тој информираше дека уште две птици од Скопје се во моментот во фаза на тестирање.
-Би сакал да апелирам до граѓаните да не даваат лажни пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство, капацитетите се ограничени и би замолил граѓаните да се фокусираат на вистински пријави. Фокусот да биде на гаврани заради нивната стационарност и можеме да ја употребиме за моментално лоцирање на нови ризични подрачја. Во моментов ќе издадеме мерки за претпазливост во општина Ресен, и кон матичните лекари и кон општината во врска со мерките што треба да бидат преземени. Ќе следиме понатаму како се развива ситуацијата и соодветно ќе реагираме - појасни министерот.
На новинарско прашање во однос на случај со жена со инвалидска количка, Клековски одговори дека стручниот надзор е завршен и оти би сакал лично да ја посети пациентката во текот на следната недела, за да побара дозвола од неа за соопштување делови од стручниот надзор, оти, вели, сепак се работи за лични податоци.
На новинарско прашање, директорот на Клиниката за инфективни болести, Цана одговори дека „со оглед на тоа дека според сите светски статистики и упатства што се дадени, смртноста кај овие пациенти се зголемува како што е и возраста понапредната. - За тоа што имаме тешки случаи, тоа не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на тие проценти кои се научно веќе потврдени, кажа директорот на Инфективна, д-р Цана.
МИА
Ново на Сител
-

Над 160 загинати и илјадници исчезнати во катастрофалните поплави на Хималаите
-

Шести смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна почина 72-годишен пациент
-

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година пред пратениците
-

СДСМ: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
