82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
Трагично завршила расправија за лежалка на популарната плажа Вулијагмени, јужно од Атина, каде 82-годишен маж починал по физичка пресметка со 76-годишник.
Инцидентот се случил во неделата, околу 10 часот наутро. Според грчките медиуми, меѓу двајцата мажи најпрво избувнала расправија околу користењето на лежалките, по што конфликтот прераснал во физичка пресметка.
За време или непосредно по тепачката, 82-годишниот маж колабирал и доживеал срцев застој. На плажата му била укажана прва помош и била извршена реанимација, по што бил пренесен во болница во Вула, каде подоцна била констатирана неговата смрт.
Во случајот, според информациите на грчките медиуми, била вмешана и 21-годишна жена која била заедно со 76-годишникот. Полицијата ги привела 76-годишниот маж и младата жена, а истрагата треба да ги утврди точните околности и нивната улога во инцидентот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
