41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го спречил извршувањето на службено дејствие од страна на даночни контролори.
Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, каде двајца даночни контролори вршеле службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.
Според информациите од обвинителството, осомничениот се обидел да го спречи нивното постапување, при што фрлал камења кон контролорите и кон нивното службено возило. Поради нападот, контролорите морале да го напуштат локалитетот и не успеале да ја спроведат контролата.
Против 41-годишниот Британец е поведена постапка за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за кое е предвидена санкција согласно член 382 став 3 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи
-

При претрес во Скопје пронајдена дрога, уапсени две лица
-

СП 2026: Многу сме горди што сме во полуфиналето
-

Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино
-

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
-

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
-

Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години
-

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година
