41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го спречил извршувањето на службено дејствие од страна на даночни контролори.
Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, каде двајца даночни контролори вршеле службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.
Според информациите од обвинителството, осомничениот се обидел да го спречи нивното постапување, при што фрлал камења кон контролорите и кон нивното службено возило. Поради нападот, контролорите морале да го напуштат локалитетот и не успеале да ја спроведат контролата.
Против 41-годишниот Британец е поведена постапка за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за кое е предвидена санкција согласно член 382 став 3 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
