Македонија
25. јуни 2023 - 17:01
40 пријави за поплавени објекти во еден ден по невремето во Охрид
40 пријави од страна на граѓани за поплавени подрумски и приземни простории, поткровја, штети на соларни системи пристигнале до Центарот за управување со кризи по вчерашното невреме со дожд и град кое го зафати охридскиот регион. Најголеми штети се проценува дека има во земјоделските култури.
Жителите на Општина Охрид настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30 јуни, а обештетувањето ќе се врши преку архивата на локалната самоуправа која преку комисија ќе ги оценува штетите
Инаку според најавите од управата за хидрометеоролошки работи и за денес се најавува нестабилно време со порој и врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
