Македонија
3. September 2026 - 14:10

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син

На 02.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Р.(34) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал и им ги искршил нејзиниот и мобилниот телефон на нивниот малолетен син.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.