3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија
Српски државјанин е казнет со вкупно 3.000 евра откако во два наврати бил евидентиран како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1, информира Основното јавно обвинителство Кавадарци.
Станува збор за Д.П. (34), кој добил две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Тој бил приведен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти државата. При полициска проверка на „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека претходно двапати бил регистриран како вози со екстремно висока брзина.
На 22 јули, во близина на Демир Капија, Д.П. возел со 163 километри на час, додека на 20 август на истата делница бил регистриран со 169 километри на час. Во двата случаи ограничувањето на брзината било 80 километри на час.
По приведувањето, тој бил спроведен во Полициската станица во Неготино за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
