Македонија
7. August 2026 - 14:07

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово

На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот З.И.(29) од Скопје биле пронајдени и одземени 27 пакувања со марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.