24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип

Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.
При контролата на автопатот Скопје-Штип со специјално возило пресретнувач сопственост на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „ауди“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.Л(24) од Свети Николе од 212 километри на час, при што ја надминал максимално дозволената брзина на ограничување од 130 километри на час надвор од населено место.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна прекршочна и кривична пријава согласно закон.
Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
