20.000 евра казна за сопственик на два папагали - Им ги пресекол крилата за да се сликаат со туристи на Халкидики

Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина.
Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“.
Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.
Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
