-->
-->
ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-->

Репрезентативците на Норвешка и натаму се најдобрите на Игрите во Милано Кортина со вкупно освоени 34 медали од кои 16 златни. И во двете категории имаат најголем број медали. Зад нив е САД со 27 медали (9 златни) и домаќинот Италија со 26 медали (9 златни).
На петнаесеттиот ден од Игрите ќе бидат доделени медали и тоа во неколку спортови: слободно скијање (мажи и жени); биатлон 15 километри мажи; брзо лизгање – 1.500 метри жени; карлинг мажи дуел за бронзен медал; шорт трек – 5.000 мажи штафета и 1.500 метри жени.
На програмата се и двата полуфинални дуели во хокеј на мраз кај мажите: Канада – Финска и САД – Словачка.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
