Знаме на Голема Албанија во училиште во Струга
Со песни и развеано знаме на голема Албанија ОУ „Гоце Делчев“ во струшко Подгорци, го одбележа Денот на Албанското знаме.
На фотографиите кои се споделија на социјалните мрежи остро реагираа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга тие велат дека од страна на школото била извршена злоупотреба на децата на која им се наметнува некоја антимакедонска идеологија и ставови.
Претседателто на ОК на ВМРО ДПМНЕ Деребан потенцира дека имало и обиди за промена на името на школото кое го носи по великанот Гоце Делчев . Тој вели дека очекуваат од јавното обвинителство за прославата да биде поведена кривична постапка а за овој настан а најави дека ќе биде информирана и детската амбасада Меѓаши.
Во ОУ„Гоце Делчев“ во струшко Подгорци настава на албански јазик учат само 6 ученици а 259 ученици следат настава на македонски јазик.
Од ОУ за Сител велат дека настанот кој се организирал согласно заеднички дефинираната програма која не била предвидена ниту една активност што би можела да предизвика било каков револт или навреда. Потенцирајќи дека не би можеле да преземам одговорност доколку некое друго лице, поканет гостин, со некоја постапка надвор од официјалниот дел на церемонијата, повредил нечии чувства и дека посакуваат вакви ситуации да не се случуваат понатаму.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
