Злато и пет бронзи на нашите таеквондисти на Меѓународниот турнир одржан во Солун

Една златна и пет бронзени медали освоија нашите репрезентативци на меѓународниот „Таеквон-до ИТФ“ натпревар во традиционално теаквон-до што деновиве се одржа во Солун.
Во исклучително силна конкуренција на 1239 натпреварувачи од 17 земји од целиот свет, Миа Танеска го освои златното одличје, додека со два бронзени медали во категориите У-18, форми и борби се закити Теодора Митреска, а бронзени медали освоија во сениорска конкуренција и Божидар Димитриевиќ и Марио Крстески.
„Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки и само пред неколку дена наполни 12 години со што влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години, иако најмлада во категоријата докажа дека вреди во неа да се вложува, повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот со пет победи осовјувајќи го златениот медал во форми и со две победи над домашни претставнички освојувајќи бронзен медал во борби. Со освојувањето на двата медали во двете дисциплини го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години“, изјави претседателот на Македонската традиционална Таеквон-до федерација, Марјанчо Лазаревски.
Боите на Македонија во Солун ги бранеа осуммина натпреварувачи од клубовите ТК “Хва Ранг ИТФ” од Лескоец - Охрид, ТК „Мастер” од Охрид, ТК “Сонкал” од Мислешево - Струга и ТК “Ахилиус“ од Скопје.
Ново на Сител
-

Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска
-

25% од учениците на 15 и 16 години се коцкале за пари во последната година
-

УХМР најавува невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
