Македонија
11. March 2024 - 20:11

Жена турната од тераса во Охрид

Жената која заврши во болницата по пад од тераса била турната потврди полицијата. СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

По претходна вербална расправија насилникот ја турнал 39 годишната скопјанка со која бил во неколку месечна врска од трети кат од социјалната зграда на улицата Карпош Војвода.

На осомничените одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена.

Жената која била пренесена во болницата Свети Еразмо се здобила со тешки телесни повреди и искршени ребра. Иако била во свесна состојба и на распит кажала дека сама паднала, според очевидците кои сведочеле за овој немил настан се потврдило дека е турната.