Желјасков: И Бугарија направи компромиси, донесете ги уставните измени
Претседателот на бугарскиот парламент Желјасков на средба со спикерот Џафери во обид да ја подобри сликата за бугарската политика во контекст на македонските евроинтеграции. Тој во Скопје доаѓа само еден месец пред да се одржи состанокот на ЕУ со порака дека иако се уште нема мнозинство за уставни измени, тоа сепак е возможно до крајот на годината доколку надвладеел, како што вели, разумот кај македонските политичари.
Желјасков по средбата со порака дека со прифаќање на францускиот предлог компромис направила и Бугарија бидејќи сакала побрзо да ја види Македонија како дел од Европската Унија.
И македонскиот спикер Џафери вели дека средбата со колегата била во духот на добрососедството. Го информирал и за процесот на уставни измени.
За опозицијата средбата е протколарна, а промена во ставот за уставни измени нема.
Пред средбата со Џафери, претсеателот на баугарскиот парламент утрово се поклони и пред споменикот на Гоце Делчев. Пред бугарските медиуми што ја следат неговата посета истакнал дека Делчев е заеднички херој и дека ваквите историски ликови треба да се почитуваат, а не да се присвојуваат.
Желјасков го посети и бугарскиот културен центар, а заедно со Џафери ја посетија и изложбата Сребрена Тракија, организирана од Министерството за клутура.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
