Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час

Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како делници на кои е потребна зголемена внимателност се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
