Македонија
6. November 2023 - 12:24

Зголемен интересот за самовработување

Голем е интересот за самовработување со грант.Околу 250 нови фирми годинава се вклучиле во стопанството.Козметичари,трговци ,занаетчии ,градинки се само дел од новите бизниси за кои интерес пројавиле невработени лица кои што аплицирале преку мерките на Агенцијата за вработување.

Неповратните финансиски  средства во висина од 5000 и 10 000 евра  за сопствен бизнис се наменети за  директна поддршка за набавка на опрема и репроматеријали, регистрација и советување за претприемништво.

Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат . Според Агенцијата за вработување во 2021 година во целиот Југозападен регион со мерката самовработување   биле отворени 207 нови бизниси.