Македонија
19. July 2022 - 12:29
Зголемен бројот на сајбер насилство
Сајбер насилството зема се поголем замаф. Со достапноста на технологиите се зголемува и нивната злоупотреба. Последните анализи на социолозите се фрапантни тие покажуваат дека преку лажни профили на социјалните мрежи се ширел говор на омраза ,лаги ,преземање на туѓ идентитет и насилство меѓу младите,жртви најчесто се девојчиња кои се малтретирани ментално и емоционално.
Како последица од врсничкото насилство се јавува депресија и анксиозност,а загрижувачки е и тоа што некои посегнуваат и по своите животи.
Жртвите, преку социјалните мрежи и апликации, можат да бидат малтретирани 24 часа на ден.
Според социолозите депресијата допрва ќе се чувствува, според нив првиот чекор е малтретираните да ги пријават насилниците.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
