Зендели разрешен - се враќа мнозинството на власта во Комисијата за избори и именувања
Со 61 глас од владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ по тродневна расправа го разреши пратеникот Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања. Со тоа го прекина мнозинството што во ова тело го доби опозцијата по смената БЕСА и Алтернатива во Владата.
На чинот на гласање опозицијата не беше во салата, а пред гласањето не беа земени пред вид и амандманите на ВМРО-ДПМНЕ со кои пратеничката група се обиде да ја блокира Одлуката за разрешување. Џафери за амандманите ќе одговорел во наредните денови.
Власта се реши на пленарна седница да го менува Зендели со цел да ја одблокира работата на Комисијата и да даде предлози за 4 уставни судии без консултации со опозицијата. За ВМРО-ДПМНЕ тоа е доказ дека власта сака да го партизира Уставниот суд.
Иако гласаше за разрешување на Зендели, денеска критики дека уставниот суд е партизиран упати и владината Демократски сојуз.
Трајанов вели дека не постојат јасни критериуми кој може да биде уставен судија и дека нема конскурс за нивен избор, па бара да се донесе Закон за уставниот суд.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
