Македонија
20. April 2026 - 12:28

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста

Здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги е клучен чекор за подобрување на нивната конкурентност, намалување на трошоците и олеснување на пласманот на производите. Но за жал и покрај придобивките интересот е сеуште мал.Земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици со маркетите и трговците, кои нудат овошје и зеленчук по доста пониски цени од пазарите.

Од тоа колку е плодна земјата зависи дали и какви приноси ќе имаме. Земјодеците многу често поради незнаење ги користат минералните ѓубрива наместо органските  кои се многу поквалитетни и помалку штетни и за растението и за човекот.

Добрите познавачи сметаат дека само со добра едукација и информираност може да имаме  поголеми приноси во земјоделството.