Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во ерменскиот главен град Ереван.
- Неопходни се заеднички напори за зајакнување на дипломатските акции и спречување на какво било слабеење на притисокот врз агресорот. Русија мора да стави крај на оваа војна – изјави тој.
Како втор приоритет, Зеленски го истакна искористувањето на европскиот пакет помош за Киев во износ од 90 милијарди евра, забележувајќи дека Украина го забрзува пристапот до тие средства.
Третата задача се фокусира на зајакнување на противвоздушната одбрана, обезбедување енергетска поддршка за Украина и продлабочување на соработката со партнерите во енергетскиот сектор.
- Од сега веќе активно се подготвуваме за следната грејна сезона и ја диверзифицираме соодветната поддршка. Ги зацртав сите потреби за заштита и обнова – додаде Зеленски, заблагодарувајќи му се на секој партнер кој е подготвен да помогне.
Украинскиот претседател вчера пристигна во ерменскиот главен град Ереван за да учествува на самитот на ЕПЗ.
Се очекува на самитот, кој се одржува под мотото „Градење на иднината: единство и стабилност во Европа“, да присуствуваат речиси 50 шефови на држави и влади. За првпат на форумот ќе учествува и земја надвор од Европа – Канада, која ќе ја претставува премиерот Марк Карни.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
