Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека САД го информирале Киев за серија состаноци одржани во Москва изминатите денови.
- Денеска добивме информации од американската страна за состаноците во Москва, што се одржаа изминатите денови. Таму беа одржани серија состаноци, објави Зеленски на Телеграм, без да прецизира кој присуствувал на состаноците.
„Волстрит џурнал“ пред два дена објави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, отпатувал во Москва за да ја предупреди Русија да се воздржи од каков било напад врз земјите-членки на НАТО.
Кремљ ги негираше информациите, а американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека рускиот претседател Владимир Путин нема да нападне земја-членка на НАТО.
МИА
Ново на Сител
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
