Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија.
Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји.
„Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите Американски Држави можат да помогнат во зајакнувањето на нашата одбрана, пред се со испораки на системи за противвоздушна одбрана и со притисок врз Русија да се подготвува за крај на војната, а не за продолжување на конфликтот“, рече Зеленски во своето синоќешно видео-обраќање.
Тој не соопшти детали од украинските предлози.
Американските преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, последен пат ја посетија Москва во јануари, но досега не го посетиле Киев.
Мировните напори меѓу Русија и Украина во во застој, додека Вашингтон продолжува да настојува да ги придвижи преговорите.
МИА
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
