Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека меѓународниот одговор на руските напади е „премногу слаб“, а тие, рече, „одземаат животи на Украинци практично секој ден“.
Зеленски на каналот Телеграм ги повика сојузниците на неговата земја да ги зајакнат санкциите против Москва и во исто време да ја зголемат поддршката за Украина.
Според него, две лица се убиени, а тројца други се повредени во нападот на меѓународниот граничен премин Старокојаш помеѓу регионот Одеса и Молдавија.
Зеленски додаде дека четири лица се повредени денес во напад врз станбена зграда во Киев.
„Москва не смее да влезе во претстојната зима мислејќи дека може да ја продолжи својата терористичка стратегија со ракети и беспилотни летала без последици“, рече Зеленски, додавајќи дека „агресијата мора да се запре тука и сега, пред да се прошири понатаму“
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

По повеќе од една година во бегство, Перпарим Бајрами сам се предаде на полицијата
-

Во Собранието конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
