Здравствените работници на протести и блокади зашто плати се уште нема
Генерален протест во среда во сите јавни здравствени установи, кривични пријави против одговорните во Фондот за здравствено осигурување и најава за блокади во Скопје во четврток. Ова се реакциите на Синдикатите поради доцнењето на платите на околу 20.000 здравствени работници.
Самостојниот синдикат за здравство при ССМ донесе одлука во среда да се одржи протест од 10 до 10.30 во сите јавни здравствени установи во Македонија и бараат средба со Премиерот и покачување на платите на сите вработени во здравството и исплакаќање на регрес за годишен одмор.
-До овој момент се уште немаме утврден датум за потпишување на покачувањето за колективниот договор за здравствена дејност и затоа донесовме одлука во среда да се одржи протест од 10-10.30 пред сите болкници и здравствени домови, се надевам дека истото ќе се случи и во Клиничкиот Центар, изјави д-р Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
На протест во среда ќе излезат и вработените во Клинички, откако не беше исполет условот за исплата на платаа денес до крај на работното време. Како ќе го искажат револтот ќе соопштат утре.
Во меѓувреме од Независниот медицински синдикат најавија кривични пријави за одговорните во ФЗО и бараат одговорност за целата ситуација.
- Кривична пријава ќе се поднесе поради непостапување. Во медиумите се пишува дека државата дала одредена сума за надградба и одржување на софтвер. Ние немаме корист од тоа, значи компаниите кои биле платени, имале за задача и да го одржуваат. Мора некој да понесе одговорност, таа услуга е платена согласно важечките стандарди. Имало тендер, аплицирале фирми и некоја фирма земала пари за таа услуга. Таа услуга е платена но таа услуга ја немаме од самото место, вели Горан Ристески, од Независниот медицински синдикат.
Поради неисплатените плати денеска предупредувачки протести се одржаа во повеќе здравствени установи. Од независниот синдикат на Геријатрија при КСО се заканија со блокади на цело Скопје доколку денеска не им биде исплатена платата.
- Доколку не се земе плата до среда најдоцна, односно денес ние ќе го блокираме Скопје на влезот кај Ѓорче Петров и Автокоманда и ќе го блокираме Центар во четврток. Значи, најавуваме блокада на Скопје од Независниот синдикат и другите синдикални организации за блокада на цело Скопје, кажа Лазар Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија при КСО.
За време на паузата револтот го искажаа и 100-тина вработенени во ГОБ “8 септември”, но и здравствени работници во Клиничкиот центар.
Незадоволството поради доцнењето на платите го искажаа и здравствени работници во Прилеп и сотанати градови низ државата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
