Македонија
17. December 2023 - 16:56
Засилени полициски контроли во Охрид за празниците
Засилени полициски контроли за Новогодишните и Божиќните празници во Охрид. Со оглед на тоа дека во градот се очекуваат огромен број на посетители, како што велат од охридската полиција, целокупниот потенцијал на службеници ќе биде распределен во централното градско подрачје, угостителските и хотелските објекти каде ќе се прославува и во периферните делови.
Се со цел поголема безбедност ќе се делува со заеднички тимови од сите надлежни институции.
Физичко присуство на полициски службеници ќе има и во сообраќајот. Од СВР Охрид со апел до возачите да не консумираат алкохол ако возат, за поголема сообраќајна безбедност.
Од охридската полиција посочуваат дека главниот туристички центар е подготвен и безбеден за претстојните празници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
