Македонија
13. February 2022 - 20:11

Засилени полициски контроли во Охрид

Полициските службеници за само еден ден на подрачјето на СВР Охрид, санкционирале 39 возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането. Најчестите прекршоци кои ги прават возачите на моторните возила како што посочуваат од охридкста полиција се и пречекорување на дозволената брзина и управување на возило под дејство на алкохол. Откриени се и 3 автобуси кои имале технички неисправности а вршеле јавен превоз.

Во изминатиов период голем е бројот и на пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин.

Од СВР Охрид велат дека од почетокот на годината до денес биле извршени 35 акциски контроли и најавија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација.