Македонија
20. April 2022 - 19:55

Засилени контроли на АХВ на продажните места за месо и јајца

Руско–Украинската војна ја зголеми кризата за храна во светски рамки, а недостатокот на намирници силно го почуствуваа регионот и нашата земја. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се контролира се што се увезува во нашата земја.

Македонија во пресрет на Велигденските празници врши контрола на месото и продажбата на јацата.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавија дека вршат засилени контроли се со цел да се изборат со болестите кај животните како африканска свинска чума, птичјиот грип и слично, што има директно влијание и на јавното здравје кај луѓето.