Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка

По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата.
Од СВР - Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, јавните претпријатија и други релевантни институции.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од денеска интензивно спроведува мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, особено по булеварот „Туристичка“, но и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила.
Сообраќајното обезбедување ќе ги опфати и магистралните, регионалните и локалните патишта од Охрид кон Свети Наум, заштитниот појас покрај патиштата, улиците во населените места, како и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на Охрид.
СВР Охрид упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на сите учесници.
Од полицијата препорачуваат граѓаните своите возила да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, а доколку е можно да користат алтернативни превозни средства.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
