Македонија
13. September 2022 - 12:44

Засилена контрола на пловилата во Охрид

Засилени контроли во водите на Охридското езеро. Инспекторот за безбедност на внатрешна пловидба во координација со езерската полиција  изрекол 31 прекршочна пријава за несовесни граѓани кои управувале пловила во близина на капачите загрозувајќи за безбедноста  а затекнати биле и лица кои дивееле со скутери на плажите на охридскиот и струшкиот брег. Деновиве пак катамаран изгубил стабилност при пристигање на пристаништето кај Заум како резулата на вода во цилиндрите.

Бродарите и сопствениците на пловни објекти ги почитувале бројот на дозволени патници и носење на заштитните појаси но како што велат од капетанија се случуваат и дефекти.

Инаку од година во година се повеќе расте бројот на пловила во водите на езероро.Бродовите и катамараните  се најатрактивни за туристите со ноќните и денските панорамски прошетки.