Почина Сузан Сомерс

Почина Сузан Сомерс, најпозната по улогите во ТВ-сериите „Тројца се друштво“ (Three’s Company) и „Чекор по чекор“ (Step by Step).
Глумицата починала вчера наутро – еден ден пред нејзиниот 77. роденден, соопшти нејзиното семејство.
„Сузан Сомерс почина мирно дома во раните утрински часови на 15 октомври. Таа повеќе од 23 години успешно се бореше со агресивен облик на рак на дојка. Сузан беше со нејзиниот сакан сопруг Алан, синот Брус и нејзиното потесно семејство. Тие се собираа за прославата на нејзиниот 77. роденден на 16 октомври. Ќе го прослават нејзиниот извонреден живот. Сите им благодариме на милионите обожаватели и следбеници кои многу ја сакаа“, се вели во известувањето на семејството.
Зад себе, Сомерс има 45 филмски и ТВ-улоги. Се пензионираше од глумата во 2001 година.
Ново на Сител
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
