Законските измени за новите Коридори го поминаа првиот собрански филтер
Осум од 9те контроверзни законски измени поврзани со изградабата на Коридорот 8 и дел од Коридорот 10 влегова во скратена собраниска процедура и се чека нивна амандманска расправа.
За законите меѓу кои и оние за работни односи, екпсропријација, за шуми гласаше коалицијата СДСМ-ДУИ-Алијанса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата со образолжение дека законите овозможуваат корупција.
За СДСМ и ДУИ опозицијата само сака да го спречи најголемиот инфраструктурен проект во земјава.
Петмина народни избраника од владејчката коалиција гласаа против законите, но со тоа што останаа во собрнаиската сала всушсност го направија кворумот и овзможија тие да поминат во второ читање.
И од Антикрупциската комiсија изразиле сомнеж во оправданоста на законите, пa дале и писмено укажување до Џафери за тоа дали да влезат во собраниска процедура.
„Оттаму, неопходноа е поширока јавна расправа со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, ризиците од корупцијата, како и ризиците од законски решенија чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми“, коментираат антикорупционерите.
За премиерот Ковачевски законите ќе овозможат реализација на проектите во предвидениот рок.
Шефот на државата вели дека прво ќе ја чека конечната верзија на законите за одлучи дали ќе им ги потпише указите.
Власта имаше слух за измените на законот за културно наследство кои беа повлечени на самата собраниска седница. За шест од законите комисиската расправа ќе се води пред собраниски тела што ги предводи опозицијата, а два пред комсии што ги има власта.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
