-->
-->
За викендот дожд, ветер и заладување
-->

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец со брзина од над 40 километри на час. Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
