Македонија
9. November 2023 - 21:02

За опозицијата историски најлош извештај на ЕК, за власта вината е во ВМРО-ДПМНЕ

Ден откако Македонија доби сериозни забелелешки од ЕК и оценка дека нема напредок ниту премиерот Ковачевски, ниту спикерот Џафери не го коментираат извештајот.

Но власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат во Парламентот кој беше директно посочен за извор на политичката поделеност која спречува носење на реформски закони важни за приближување до Унијата.

За ВМРО ДПМНЕ ова е најкатастрофалниот извештај кој го добила Македонија.

Координаторот на пратеничката група Мицевски, вели дека со нивната активна блокада не ги спречиле битните процеси за граѓаните, туку криминалните закони кои беа меѓукоалициски пазар на партиите од власта.

Вината за немањето напредок на земјата е кај владата и тројката СДСМ, ДУИ и Алијанса, регираат и од албанската опозиција. 

Од владејачкото мнозинство пак прстот го вперија во опозицијата - тие биле главни виновници за главните забелешки на ЕК упатени до Парламентот.

Комисијата изрази особена загриженост за случувањата во законодавниот дом, особено по носењето на измените на Кривичниот законик, а најголемите критики се однесуваат на злоупотребата на европското знаменце.