За неколку часа собрани по 10.000 потписи за Силјановска и Пендаровски
За само неколку часа и Силјановска и Пендаровски собраа повеќе од 10.000 потписи и официјално влегоа во претседателската трка. Од утрово канцелариите на ДИК беа претесни да ги примат сите заинтересирани граѓани кои дојдоа да се потпишат. Во подрачната единица во Карпош за потпис се чекаше и повеќе од еден час.
Малата канцеларија на ДИК нудеше можност да се потпишете за било кој од потенцијалните кандидати, а тоа создаде проблеми
Информацијата дека ги собрале потребните потписи ја потврдија и двете партии чие лидерство денеска исто така се потпишуваше на претседателските кандидатури
Со Силјановска и Пендаровски, на гласачкото ливче до сега место си обезбедија вкупно 7 кандидати. До бројката од 10.000 претходно стигнаа Ванковска, Јакимовски, Димитриевски, Османи и Таравари. Останатите кандидати се се уште далеку од потребната бројка а рокот за собирање потписи истекува на 8 март.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
